
Искрешени прозорци, фасада во распаѓање и објект оставен на забот на времето. Речиси една деценија Ловниот дом во Општина Кочани стои во една лоша состојба. Објектот е во сопственост на општината, по престанокот на функционирањето на Ловното друштво Осогово, и од тогаш сведочи за едно минато време кога преставуваше објект за посета и можност граѓаните од Кочани но и регионот да се запознаат и да видат разни содржини. Градоначалникот Љупчо Папазов е свесен за ваквата состојба, и вели се прават напори за за да се најде партнер за Ловниот дом да добие нови содржини.
„Ловниот дом како објект е сопственост на Општина Кочани и во поранешниот период го користеше Ловното друштво кое во моментот не е функционално и не ги извршива своите основни активности и овој објект условно кажано е во мирување. Општина Кочани прави напори во делот на пронаоѓање на партнер за нови содржини кои би биле внесени во овој објект, а во исто време би овозможиле преуредување и враќање во првобитна состојба.“ – вели Папазов.
Папазов вели дека со општините од соседна Бугарија не наишле на разбирање за да се обезбедат финансиски средства за уредување на овој објект. Но, дециден е дека општната работи на објектот да добие нов изглед и целосно да се преуреди.
„За жал во тие напори за пронаоѓање партнери за меѓугранична соработка со општини од соседна Бугарија не наидовме на разбирање и останува да бараме нови опции од меѓународни финансери со што ќе му дадеме соодветна содржина. Десетина години се наоѓа во ваква сосотојба“ – додава Папазов.
Како што додаде Папазов со изнаоѓање на финансиски средства ќе се обнови фасадата, прозорците, просторот околу самиот објкет, а ќе се инцестира и во нови содржини кои ќе бидат поставени внатре.
Лаура Стојанова М-Нет