
Денеска православните христијани го празнуваат Свети Јован Крстител. Јован Крстител се слави неколку пати во текот на годината, но православната црква го слави празникот Крштение на 20 јануари. Празникот е посветен на светецот и пророк кој го крсти Исус Христос во реката Јордан.
Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници. Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик.
Во младоста, Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години, тој ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег.
На Свети Јован е мрсна гозба, освен кога се паѓа во среда или петок, во тие два случаи се подготвува посна трпеза.
Многу народни обичаи се поврзани со овој празник. Според верувањата, на тој ден жените никако не треба да допираат игли за плетење, ножици или игли.
На денот на Свети Јован верниците не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на мачеништвото на Јован, ниту да јадат и пијат нешто што е во црвена боја, бидејќи таа боја ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. На децата исто така не им се дава ништо црвено на овој ден.
Исто така, според верувањата, 20-ти јануари е идеален ден за одење на патување, бидејќи ќе ја имате заштитата на овој светец.
Лаура Стојанова М-Нет