Билтенот на МВР секојдневно преплавен со семејни насилства, најчести жртви жените, има ли надеж за младите?

Билтенот на МВР секојдневно преплавен со семејни насилства, особено врз жените, постои ли надеж за општеството и младите брачни двојки? Повозрасните граѓани на терен се прашуваат каде ли исчезнаа почитта, толеранцијата и разбирањето. Велат, младите, но веќе и оние околу 50 тата година, повеќе не се поднесуваат и сè завршува со ќотек и брз развод. Прашањето е има ли крај на ваквата нетрпеливост и ќе се врати ли почитта меѓу партнерите?

Причините според анкетираните се многубројни. Една од главните е живеењето во заедница, а потоа велат и финансиската нстабилност.

Според повозрасните, денес недостигаат толеранција, трпение и меѓусебно разбирање, а младите се помалку се подготвени да попуштат и да ги надминат несогласувањата

Иван Митев, М-Нет