Како што доликува, меч под рефлектори: Брера со триумф над Вардар

Со натпреварот меѓу Брера и Вардар под рефлектори на “Благој Истатов” се комплетираше првото воведно коло од новата сезона во ПМФЛ.

Струмичкиот прволигаш со сигурна победа против најтрофејниот клуб ја отвори сезоната во фудбалската елита на Македонија со конечни 3:1.

Резултатот го отвори Ивковиќ за водство на Брера уште во 3. минута, а Закариќ во 29. минута погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Брера дојде до ново водство од 2:1 со втор гол на Ивковиќ, а конечниот резултат го постави Ибрахим.

Александар Ванев, М-Нет