Исплатливо е да се произведува тутун, Живко е еден од малкумината кои имаат тутн во село Таринци

Од кочанско Видовиште, Живко и неговото семејство се селат и живеат во карбинско Таринци. Овде тој купува ниви и започнува да се занимава со земјоделие. Повеќе од 40 години одгледува тутун. Вели испалтливо е да се работи и да се произведува, а последните две години добра му е и откупната цена. Токму затоа сади секоја година.

„Па 40 години нон стоп работиме, никако не сме прекинале. Ние сме дојдени од Видовиште, кочанско и купив овде нива, сега сум во пензија и нон стоп работиме.“ – вели Атанасов.

80 годишниот Живко својата работа ја остава на неговите деца. Вели ако продолжат да работат и произведуваат ќе имаат за еден добар живот. Освен тутун во неговата бавча може да се најде и житарица и бостан.

„Имам син, снаа, внуци ако сакаат да работат ќе продолжат.“ – вели тој.

Производството на тутун бара многу работа вели Живко, ама дел од работите се извршуваат и машински.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет