
Првиот продолжен викенд во месец септември ја зголеми гужвата на граничниот премин Богородица. За излез од државата се чека околу 40 минути до 1 час. На ГП Табановце, пак, времето на чекање за влез и излез изнесува околу 30 минути. Од другите гранични премини од македонска страна не се евидентирани подолги задржувања.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но зголемената фреквенција на возила поради летните одмори и продолжениот викенд во Македонија предизвикува гужви на граничните премини
АМСМ ги потсетува возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат сигнализацијата и да бидат особено внимателни на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде е можна појава на одрони. Како критични делници се наведуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет