
Затвореник од Казнено поправниот дом затвор Штип, позитивен на ковид 19, кој заради влошена здравствена состојба беше згрижен еден ден во модуларната ковид болница во Штип, денеска пренесен на лекување во приватна установа. По барање на семејството и по барање на самиот затвореник, денеска беше организирано тој да биде префрлен на лекување во Скопје. Ова во телефонски разговор за М-НЕТ телевизија го потврди директорот на штипскиот затвор Мики Тодоров.
Во оваа казнено поправна устонова,моментално има 7 осудени лица кои се позитивни на ковид 19 од кои дополнително има 13 осудени лица во зилоација. Сите се издвоени од останатите затвореници, а се почитуваат и мерките и протоколите за заштита од ковид 19.
Лаура Стојанова М-Нет