
Ниту еден починат пациент од Ковид 19 во изминатото деноноќие не е регистриран во Клиничка болница Штип од една страна, но од друга страна бројот на слободни болнички кревети се намалува. Потпаролот на штипската клиничка болница, Марина Шуманска, информираше дека слободни се 8 кревети, 4 во модуларната болница и 4 на Инфективното одделение без можност од кислородна поддршка. Во последните 24 часа хоспитализирани се вкупно 94 ковид пациенти од кои 43 во модуларната ковид болница и 51 пациент на Инфективното одделение. Повеќе од половината односно 55 се на кислородна поддршка. Во кочанската Општа болница со проширена дејност модуларната ковид болница полна. Во меѓувреме тече и процесот на имунизација. Досега во државата се вакцинираа над 26 илјди граѓани. Денеска завршува и вакцнацијата на ризичната инфраструктура, а од утре останатиот дел од 20 ичјади вакцини „Спутник В“ ќе бидат распределени по возрасни групи. На веб страницата вакцинација.мк за вакцинација се пријавиле 154 248 граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет