Заминување на неколку фудбалери во ПМФЛ: Серафимовски, Каланоски и Илиески

ФОТО: Телевизија М Нет

По завршувањето на сезоната очекувано е дека ќе има промени во екипите од Првата македонска фудбалска лига. Веќе има неколку заминувања. Виктор Серафимовски и Антонио Каланоски заминуваат од Силекс, и во иднина нема да го носат дресот на прволигашот од Кратово, а пак Дарко Илиески заминува од Шкупи.

28-годишниот Серафимовски во Силекс дојде од редовите на Ренова, а претходно настапуваше за Беласица, Македонија ЃП, Еуромилк ГЛ, Вардар и Љубанци.

Каланоски во Силекс пристигна од редовите на Гостивар, а во својата кариера 30-годишниот голгетер од Охрид има настапувано и за Шкупи, Беласица, прилепска Победа, Струга, Борец, Царев Двор од Ресен, Металург, Напредок од Кичево, Локомотива и Охрид.

Од Шкупи заминува 28-годишниот Илиески на истек на договорот кој во минатото го носеше дресот на Струга, Копер од Словенија, Пелистер, Борец, Тиквеш, Металург, прилепска Победа и 11-ти октомври, а прилепчанецот настапуваше и за ерменски Ширак.

Александар Ванев, М-Нет