Струга Трим Лум не ја продолжи соработката со Ментор Мазрекај

Старо-новиот шампион Струга Трим Лум не ја продолжи соработката со Ментор Мазрекај, откако неговиот договор истечен, а клубот не ја продолжи соработката. Веќе поразнешниот играч за Струга одигра 34 натпревари, од кои 26 во првенството, каде забележа 2 гола и 1 асистенција.

Мазрекај минатото лето пристигна во Струга, каде беше дел од европските натпревари, а стружани стигнаа до плеј-оф фазата. Клубот му се заблагодари за соработката и му посака среќа во понатамошната кариера на 35-годишник.

Струга имаше успешна сезона откако ја одбрани титулата во домашното првенство, освојувајќи ја вторпат по ред.

Сега пред стружани се квалификации од Лигата на шампионите и се очекува да ги „запалат моторите“ и со тоа да означат старт на подготовките за Европа.

Александар Ванев, М-Нет