
Завршен уште еден многу важен проект во Штип, транзитна улица од кружниот тек кај средното училиште Коле Нехтенин до Кампус 4. Крајот на градежните активности денеска го означи Министерот за транспорт и врски, Благој Бочвраски кој истакна дека со ова градот добива лика како што залужува. Инвестицијата е вредна 50 милиони денари за подобрување на квалитетот на инфраструктурата на граѓаните.
„Завршивме уште еден мноу важен прокет за градот и граѓаните кој го ветивме токму во време кога се реконструираше и рехабилитираше обиколницата на Општина Штип. Имаше тогаш многу реакции на граѓаните, но ветивме дека оваа транзитна улица ќе ја рехабилитираме, со цел градот да добие нова и модерна инфраструктура“ – кажа Бочварски.
Рехабилитацијата на транзитот во Штип започна во месец август, а аврши кон крајот на месец септември. Со ова Штип доби рехабилитирам патен правец во должина од 3,6 киломтри. Активностите не преставуваат овде, истакна директорот на ЈПДП, Костадин Ацевски.

„Со рехабилитација на овој патен правец на транзитот низ Штип односно Штип спој со А4 започнавме некаде во август, тогаш овде бевме со министерот го најавивме почетокот на работите, на рехабилитацијата на овој патен правец. Истата е завршена крајот на септември, целосно е рахабилитаран патниот правец во должина од преку 3,6 километри, истиот е соодветно хоризонтално обележан, инвестицијата е преку 50 милиони денари. Со тоа е исцрпена програмата за оваа година за овој регион, но не застануваме овде“ – кажа Ацевски.
Бочварски во оваа прилика истакна дека веќе се потпишани постапките за влегување на реализација на трите улици во населбата Автокоманда, улицата 5 конгрес, Браќа Даневи и Солидарност, како и почеток на уште еден проект односно улица во населбата Света Недела во Штип, со вредност од дополнителни 30 милиони денари. Упати апел до Локалната самоуправа да завршат побрзо со водоводната мрежа за да се пристапи кон реконструкција на улиците.
Лаура Стојанова М-Нет