„Ајварко, кифи и мистер хамбургер“ од Огнен Неделковски е драмскиот текст кој победи

Ајварко, кифи и мистер хармбургер е драмскиот текст на Огнен Неделковски кој го освои првото место на конкурсот за драмски текстови за деца распишан од страна на Дом на култура Ацо Шопов Штип. Од пристигнати 11 драмски текстови за деца жири комисијата истакна дека овој изобилува со иронија, хумор и сатира, а е наменет за најмладата популација. Понатаму текстот ќе биде преточен во театарска претстава која ќе се прикажува на сцената за млади и деца.

„На крајот се издвоија неколку меѓу кои за победник на конкурсот е прогласен ракописот „Ајвар,кифи и минстер хамбургер“ под шифра Лутеница. Во него покрај соодветната грижа да биде наменет за најмладата популација, авторот водел грижа и за драмската поставеност, репликите и седиштата на дејствието, зашто тексто ќе биде преточен во театарска претстава за деца и млади и ќе биде поставен на сцена. Овој драмски текст изобилува со иронија, хумор и сатира и тоа е негов голем квалитет кој веруваме дека на претставата ќе и обезбеди привлечност и гледаност.“ – кажа Ристовски.

На конкурсот пристигнаа квалитетни ракопси согласни се членовите на комисијата кои истакнаа дека со ова се збогатува литературата за деца. Пристигнатите текстови се со свои придобивки и мании. Најголемиот дел од нив се пишувани за читање, а не за поставување на сцена, но и покрај тоа богатството на темите се квалитети што ја потврдуваат успешноста на самиот конкурс.

„Во најдобар дел се повикуваат на митот како појдовна основа на препознатливи ликови, како на пример, цареви, принзеци, змејови итн., обликувајќи ги според современите стандарди, тематски и стилкси и со примена на фантастиката, трансформираат успешно неживи нешта во ефектни живи ликови и разрешуваат конфликтни ситуации. “ – додаде Ристовски.

За самиот автор овој конкурс претставувал вистински предизвик, но чест и задоволство преставува за него што е прогласен за најдобар.

Победникот доби награда во вредност од 1000 евра.

Лаура Стојанова М-Нет