Има ли соработка меѓу Министерството за транспорт и врски и Општина Штип?

Соработката меѓу минстерството за Транспорт и врски и општините е неопходна со цел овозможување на поквалитетни услови за живеење на граѓаните, истакна денеска од Штип, Министерот за транспорт и врски Благој Бочврски. Одговарајќи на новинарско прашање тој додаде дека министерството е отворено за соработка без разлика за која општина сдтанува збор. Истовремено, упати апел до сите градоначалници да аплицираат со квалитени проекти за да добијат поддршка и помош.

“Соработката е неопходна со цел да овозможиме поквалитетни услови на живеење на граѓаните. Јас сум отворен за соработка со сите градоначалници и давам поддршка на сите општини, таму каде има интерес и таму кадешто градоначалниците со свои идеи и проекти доаѓаат и аплицираат во министерството, со цел да помогнеме на граѓаните и на локланата патна инфраструктура и комуналната инфраструктура. Од тој аспект уште еднаш ќе апелирам и ги повикувам градоначалниците да бидат активни, да носат квалитетни проекти кои ги имаат сите изработени фази, да ги аплицираат до транспорт и врски, ние сме отворении даваме поддрша да и помогнеме.“ – истакна Бочварски.

И градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов е согласен дека соработка треба да има. Тој кажа дека во изминатата речиси една година откако е во градоначалничката фотелја постојано се аплицира со најразлични проекти за доброто на градот и граѓаните.

„Ние како Локална самоуправа во ова скоро една година сме насочени кон изработка на проекти со кои аплецираме на најразлични програми за финансирање. Како досега така и во наредниот период сме отворени за соработка, ги следиме сите повици на кои можеме со свој проект да аплицираме и јас се надевам дека ќе направиме нешто добро за Штип.“ – кажа Јорданов.

До сега праксата покажува дека од општина до општина има разлика кога се во прашање аплицирањата за разни проекти. Најважно, според Бочварски е да има квалитетни проекти за подобар живот за граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет