За првпат продолжен престој за учениците се организира во ООУ „Кирил и Методиј“ во Кочани

За првпат годинава продолжен престој за учениците ќе се организира во ООУ „Кирил и Методиј“ во Кочани. Ќе се формира комбинирана паралелка за учениците од прво до трето одделение. Директорот Кралев посочи дека ќе има наставник кој ќе се грижи за учениците, ќе им помага во извршување на домашните задачи, како и повторување на веќенаученото. Целата постапка на родителите ќе им биде презентирана на родителите наредната недела.

„Од оваа учебна година во ООУ „Кирил и Методиј“ во Кочани за првпат ќе биде организиран продолжен престој за ученците од прво до трето одделение. Постапката околу приемот на овие учлжченици во комбинираната паралелка ќе им биде објаснет и на родителите.“ – вели Кралев.

Оваа учебна година се започнува со една паралелка за продолжен престој со тенденција бројката на паралелки да расте во зависност од интересот на родителите. Кралев ги повика сите заинтересирани родители да се обратат во училиштето.

„Да ги повикам сите родители кои се заинтересирани во текот на следната седмица да дојдат во нашето училиште и да поднесат барање. Оваа година започнуваме со една паралелка за продолжен престој“ – додава Кралев.

Оваа година целодневен престој во училиштата ќе има и во ООУ „Ванчо Прке“ во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет