
За првпат оваа година манифестацијата „Спортист на годината“ за 2022 година ќе се одржи и во Општина Карбинци. Признанија и награди ќе се доделат на спортисти, спортски клубови и важни личности во спортот во Општина Катбинци за претходната година, а целта е да се развие спортот во општината. Градоначалникот, Виктор Паунов истакна дека утрешната манифестација ќе биде со тенденција да прерасне во традиција.
„Во текот на утрешниот ден, односно среда од 18 часот го закажавме оној наста кој за првпат во Општина Карбинци ќе се организира манифестацијата „Спортис на годината“, однонсо спортисти, ќе се доделат признанија на повеќе важни личности, од повеќе областо однонсо од повеќе спортски клубови во Општина Карбиници. Ова што ќе се реализира за првпат оваа година е со тенденција да прерасне во традиција. Ова се прави во насока на продобрување и продолжување на спортот во Општина Карбинци“ – вели Паунов.
Со финансиски средства одвоени од Буџетот на Општина Карбинци, како минатата така и оваа тековна година општината дава поддршка и помош за развој на спортот. Дополнително се инвестира и во изградба и реконструкција на нови спортски игралишта на територија на општината.
„Во изминатава 2022 година општината издвои 1.300.000 денари за поддршка во спортот на повеќе основи. Вложивме во општинскиот фудбалски клуб и еден дел во боречките клубови во Карбинци. Оваа година издвоивме исто толку средства, но се надевам дека ќе ги зголемиме, но и јавно повикувам општествено одговорни компании од територија на Општина Карбинци да се вклучат во помагање на спортските клубови, за афирмација на спортот во општината“ – додаде Паунов.
Манифестацијата „Спортист на годината“ се одржува секоја година во останатите поголеми општини во Истокот, а се доделуваат награди и признанија по разни основи.
Лаура Стојанова М-Нет