
Од идеја за развој на селски туризам денеска постојат само рушевини, искршен инвентар, врати и столови, проект кој веќе го нема. Ѓорги Крстовски од Штип пред десетина година со идејата да го развие селскиот туризам купува имот во село Козјак, карбинско. Простор за одмор и релаксација, можност за ловење риби и уживање во топлите летни денови, мир под гранките на дрвата, и селска идила се само замисла која заради многубројните кражби не може да биде реланост. Крстовски вели дека многу вложил во самиот простор за истиот да добие комплетна слика, ама денеска разочарано раскажува дека од вложеното не му останало речиси ништо.
„Почнав да вложувам овде, да го подготвувам местото, донесев и чамец, таму рибник мислев да правам и сѐ, ама кога почнаа кражбите од првиот ден до сега и не прекинаа.“ – вели Крстовски.
Разбиена врата, извадено железо, украдено месо, пари, машини и вредни предмети е сликата која го дочекала и вчеравечер. Вели уште една во низата кражби во кои се носи сѐ што е вредно. Фрижидерот празен, зимницата изедена, останале само празни тегли, кревето растурено бидејќи и таму се барале пари. Од некогаш убаво среден простор денеска имотот личи на колиба која е пред распаѓање.

„Одземено е сѐ, машини, месо, претходната кражба ми беа однеселе пеку 100 килограми месо, и пари имав тука, сѐ е однесено. Искршат ги мрежите, лом направат.“ – додава Крствоски.
Тој бара од полицијата каде што впрочем и тој самиот работел цел живот да му помогнат и заеднички да се стави крај на ваквите вандалиски постапки на граѓаните. На тој начин додава можеби ќе остане некој во државата, ќе инвестира и во селските средини и ќе се развива туризмот во државата. Во спортивно ситуацијата станува загрижувачка, младите бегаат надвор од државата, а руралните средни остануваат празни и ненаселени.
Лаура Стојанова М-Нет