
Продолжува финансиксата поддршка на домаќинствата за субвеницонирање на сметките за електрична енергија за најранливите категории граѓани. Јавниот повик веќе е објавен а граѓаните кои ги исполнуваат условите може да аплицираат до крајот на месец февруари. Во зависност од бројот на челнови во семејството како и примањата сметаката за струја може да се намали за 600 односно за 800 денари.
„За оваа мерка се предвидени 60 милиони денари , односно еден милион едвр. Предвидено е субвенционирање на сметката за електрична енергија на домаќинства со ниски приходи од 600 до 800 денари од сметката за струја, а јавниот повик за ова мерка е објавен. Граѓаните кои ги исполнуваат условите може да аплицираат најдоцна до крајот на февруари. Согласно програмата за самец со приходи до 18 илјади денари, за домаќинста со два членови до 25 илјади денари, со три члена до 30 илјади денари намалување на сметката ќе биде 600 денари, додека за домаќинства со четири члена со приходи до 36 илјади денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари“ – вели Бектеши.
Оваа година листата на граѓани кои може да добијат субвенционирање на сметката за струја е проширен односно овде спаѓаат и лицата со попреченост, самохрани родители кои не користат гарантирана минимална помош како и лица со телесно оштетување.
На денешната прес конференција Бектеши истакна дека оваа тековна година продолжуваат и со субвенционирање на граѓани за поставување фотонапонски панели, сончеви системи и замена на прозорци.
Лаура Стојанова М-Нет