За 24 часа во Истокот од државата регистрирани 15 нови ковид случаи и едно починато лице

Во последните 24 часа од направени 3.480 тестирања регистрирани се нови  296 Ковид случаи , најмногу во Скопје и Гостивар. Во Општините од Истокот регистрирани се 15 нови ковид слуачи, од кои 10 во Штип, по два во Кочани и Пробиштип и еден нов случај во Виница. Во статистиката на пријавени осум починати лица едно е од Кочани на 74 годишна возраст кое битката со невдливиот непријател ја изгуби во Клиничката болница во Штип.

Регистрирани се 109 оздравени пациенти.

Инаку портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска информираше дека во модуларната ковид болница во Штип се хоспитализирани 16 ковид пациенти, 15 од нив се на кислородна поддршка, а половината се вакцинирани. Слободни се 32 ковид кревети.

Според информации од Министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.

Лаура Стојанова М-Нет