
Има услови за започнување на учебната година со физичко присуство. Ова денес беше донесено како одлука на Главниот кризен штаб, на предлог од МОН.
Според членовите на Кризниот штаб, причина за ваквата одлука е големиот број вакцинирани наставници и училиштен кадар. Во моментов вакцинирани се 62% од вкупниот број вработени во училиштата.
Со цел започнување на новата учебна година дефинирани се и протоколите за заштита од Ковид – 19 кои би се применувале во случај на настава со физичко присуство. Истите се изработени од МОН, а веќе и усвоени од Комисијата за заштита од заразни болести. Меѓу нив се носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата. Протоколите веќе се доставени до училиштата.
За ваквата одлука на предлог на Кризниот штаб ќе се одлучува утре на седница на Влада. Претходно, како одлука беа донесени три сценарија за започнување на учебната година. Првото предвидуваше целосно враќање во училишните клупи со физичко присуство. Второто сценарио се состоеше од настава на далечина со дел од учениците, а со другиот дел настава со физичко присуство како во учебната 2020/2021. Третото сценарио, пак, предвидуваше ротирање на учениците на една недела со физичко присуство во училиштата, за истите целосно да не се затворат.
Ребека Спасова МНет