
Топлото време, високите температури, но и новите рестрикции кои стапија на сила од денеска придонесоа централното градско подрачје во Штип да остане празно. Граѓани немаше ниту по улиците ниту во угостителските објекти.
Со новите ковид – рестрикции кои денеска стапија на сила дел од угостителите во Штип решија да ги затворат своите локали. Останатиот дел го ограничија присуството на гости до 30 лица максимум.
Угостителите велат дека најголмите загуби ќе ги претрпат тие. Немаат редарски услуги кои ќе контролираат дали граѓаните се вакцинирани или не, па затоа примаат гости најмногу до 30 лица, на отворено. Не се согласуваат и незадоволни се од овие нови мерки кои најмногу ги погодувааат нив. Зад објективот на нашата камера истакнаа дека со ова се принудени сами да стават клуч на врата на своите локали, бидејќи секако немаат профит. Инаку, од денеска во угостителски објект може да се пие кафе само со сертификат за примена барем прва доза вакцина, со потврда за прележан корона вирусот или, пак, угостителите да го ограничат бројот на гости на максимум 30 лица на отворено.
Лаура Стојанова МНет