Жителите на Сењак сами ги уриваат лимените гаражи: Јавниот простор се ослободува од објекти




Жителите на штипската населба Сењак доброволно започнаа со отстранување на лимените гаражи поставени на јавна површина Проблемот со лимените гаражи во Сењак не е нов. Општина Штип и претходно најавуваше нивно етапно отстранување, особено на локациите каде што се предвидени паркинг-површини, зелени површини или друга урбана содржина. Во 2024 година, по отстранувањето на гаражи во дел од Сењак, беше уредена нова паркинг-површина. Жителите со ваквиот чекор покажуваат дека расчистувањето на јавниот простор може да се реализира и со доброволна соработка. Во населбата и претходно имало иницијативи од граѓани за отстранување на гаражите и уредување на просторот за паркинг, зеленило и други содржини. Отстранувањето на лимените гаражи треба да придонесе за поуреден изглед на населбата и порационално користење на јавните површини, особено во услови кога недостигот од паркинг и уредени простори е секојдневен проблем за жителите. Се очекува процесот на ослободување и уредување на јавните површини да продолжи и на други локации во Штип.


https://youtu.be/9yVDibm3qJM?si=G-joK34xZPjQeHQJ

Ева Тушевска, М-Нет