
Екипа на Доброволното противпожарно друштво „Кобри“ од село Злеово во текот на вчерашниот ден повторно беше на терен, учествувајќи во интервенција за гаснење пожар во Струмица и струмичкиот регион.
Доброволните пожарникари и овојпат покажаа дека се подготвени да помогнат кога тоа е најпотребно, давајќи свој придонес во заштитата на луѓето, имотот и природата.
Во справувањето со огнената стихија заеднички учествуваа пожарникари и доброволци, кои со ангажманот и пожртвуваноста помогнаа во локализирањето на пожарот.
Од ДПД „Кобри“ упатуваат благодарност до сите пожарникари и доброволци кои заеднички се бореа со огнот.
„Кобрите“ уште еднаш покажаа дека доброволноста, храброста и солидарноста се најважни кога заедницата има потреба од помош.