Едни ја нарекуваат железничка станица Крупиште, други ја именуваат како населба Ванчо Прќе село Крупиште, трети пак, популарно и шегобијно ја препознаваат како Крупишки Ватикан. Населбата позната по жители кои се скромни сиромашни и досетливи немаат одговор. Зошто токму оваа најмала населба во источниот регион е толку необична и интересна?
При посетата на екипата на М Нет телевизија можеше да се насети оригиналното битисување на жителите на ова место кои се родени и израснати тука поминувајќи го секој свој ден од животниот век. Покрај железничките шини, преспивајќи како подстанари живеејќи како кираџии во домовите што им ги изградиле некогашните големи државни претпријатија, за потребите на рударите од рудниците Злетово и за потребите на земјоделскиот комбинат Зик Црвена звезда.
Од она што го слушнавме ни останаа нивните интересни предлози и оригинални идеи. За сфаќањето на градоначалничката функција, овие луге од актуелниот градоначалник. Кој го ставаат во улога на Дедо Мраз бараат до Нова година да им ги подари куќите кои со децении се во нивно владение. Дали постпи таква можност?
Зоран Костовски е роден во една од овие куќи и неговите браќа, сестри и внуци исто така. Дел од нив одамна го напуштиле огништето, преселувајќи се на места каде има поквалитетен начин на живот. Многумина останале, а повеќето од некогаш заминатите соочени со економски и сместувачки потешкотии, повторно се враќаат во куќарките. Кои на свој трошок ги реновираат бидејќи, условите за нормална живеачка не се добри.
Не е лесно да се биде жител на крупишки Ватикан, не е лесно да имаш идеи на мала држава, која под стаклено ѕвоно ги чува идеите за идеално функционирање на држава. Во држава во која од низата проблеми во моментов е најтежок е сообраќајно инфраструктурниот и огромните камиони кои им минуваат под прозор.
Сепак да се вратиме на проблемот кој уште еднаш потсетува дека желбите се едно, но законот ја манифестира суровата реалност. А таа е дека на лицитација и продажба многу од жителите можеби и ќе ги загубат и овие скромни куќарки.
Карбинската локална самоуправа вели дека, состојбата засега е без статус. А ако би сакале во целост да им излезат во пресрет на овие граѓани, примената на законот можеби ќе ги освести богатите бизнисмени на јавните надавања. Да понудат откупни цени за куќарките, која пак нема да им одговараат на сиромашните жителите на крупишката населба Ванчо Прќе.
Маре Стојилова / М Нет
Игор Зиврев / М Нет