Андреј Симевски со евро – голови го потопи Хоризонт во Берово

Празнично денес се одиграа натпреварите од 3 коло во рамките на Третата фудбалска лига на Македонија – Исток.

Најинтересно беше на дерби натпреварот во Берово во кое екипата на Малеш беше поуспешна и го победи тимот на Хоризонт од Турново со резултат 3:0. Особено расположен за игра беше некогашниот голгетер на Кит Го Пехчево, Андреј Симевски кој ги искажа своите снајперски способности постигнувајќи два гола. Нашите информации велат дека и двата биле евро голови првиот постигнат од околу 16 м. а вториот вистинско ремек дело со удар од преку 35 м. Стрелец на третиот гол за Малеш беше Ахмет Халитов. Еве ги комплетните резултати од ова 3 коло:

Малеш – Хоризонт Т 3:0

Брегалница Д – Овче Поле 3:2

Чешиново – Василево 8:0

Раклиш – Работник 1:1

Спартмани – Тиверија 2:1

Карбинци – Детонит 0:2

Екипата на Чешиново е на првото место со 9 бодови, Брегалница од Делчево е втора со 7 бодови а трететото место го делат Хоризонт, Детонит и Спартмани со по 6 бодови. Во недела ќе се одиграат натпреварите од 4 коло.

Драги Герасимов – Пушка Mnet,mk