ВМРО-ДПМНЕ денеска протестираше со возила.

Протестот започна  во Скопје, а  заврши во Штип.

„Денес 23  Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите“, соопштија од партијата.

Протестот започна во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што финишираше пред Собранието каде  се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили  продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип  заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев. Во Штип Мицковски истакна.

Лидерот на најголемата опозиционерска партија го изрази задоволството од изборот на кандидат за градоначалник кој влегува во трката за прв човек на Штип на предстојните предвремени локални избори, но името на нивниот кандидат не го соопшти јавно.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет