
Нов апарат – ендоскоп набавен од сопствени пари доби КБ Штип. Со ова се решаваат проблеми на пациентите од Штип и Истокот кои нема да трошат време и пари одејќи на преглед во Скопје. Дополнителен факт кој радува е кадровски добро опремениот оддел, кој во моментот располага со четири доктори.
„Овој апарат е набавен со сопствени средства на болницата, чини 6.100.000 денари. Но, поважниот дел е кадарот кој го имаме овде. Морам да напоменам дека сум многу горд бидејќи покрај доктор Дончевски има уште три млади доктори на овој оддел.“ – вели Ѓеорѓијев.
Станува збор за апарат со кој ќе се прават интервенции за иследувања на желудникот и дебелото црево. Ова е нов и модерен апарат кој се става во функција на пациентите. Доктор Михајлов вели дека секој втор или трет граѓанин над 40 годишна возраст има проблеми со желудникот или дебелото црево.
„Потребата е честа кај секој втор или трет пациент над 45 години треба да има иследување на желудникот или дебелото црево. Дневно со апаратурата која ја иамме шест до седум пациенти може да се прегледаат“ – вели Михајлов.
Михајлов посочи дека со новиот апарат пациентите ќе добиваат поквалитетни и навремени услиги во КБ Штип.
Лаура Стојанова М-Нет