Државата е увозно завсина, затоа варираат цените на поризводите велат економистите

Цените на производите постојано се менуваат, најчесто во нагорна линија. Прехрамбени производи со се повисоки цени, зеленчук и овошје со цени до плафон. За да се нормализира ваквата ситуација со цените во државата потребно е да се регулира понудата и побарувачката на пазарот.

„Гледаме дека одредени цени се зголемени, но единствениот начин да дојде до стабилизирање на цените па и до нивно намалување е со зголемената понуда и побарувачка на такви производи. Се додека нешто се купува, она што се нуди се продава тоа е сигнал за трговците и за малопродажбата дека треба да ги зголемат цените за некој си процент. И со таквото зголемување ќе ги продадат.“ – вели Ивановски.

Кога се во прашање раноградинарските земјоделски култури, државата е увозно зависна велат економситите. Тоа е причината и за промените во цените на производите кои се случува дрстаично да се менуваат само за еден ден. Зголемената побарувчка доведува до зголемување на цените, додава Ивановски.

„Нашата држава е увозно зависна. Ние не можеме да произведеме се она што е потребно за нашиот пазар. Увозот е неминовен, пред се од аспект на асортиманот. Увозот е на еден начин коректор на зголемувањето на цените на нашите земјоделски производи.“ – вели Ивановски.

Инаку, цените на производите варираат постојано, забележувајќи дека поголем дел од нив се движат во нагорна линија. Потрошувачката кошничка за месец мај достигна 60 илјади денари.

Лаура Стојанова, М-Нет