
Власите зборуваат на влашки јазик кој е доста близок со италијанскиот јазик и романскиот јазик, а и со албанскиот, а има и поголемо влијание од грчкиот јазик.
Во почетокот на XIV век Власите како еден од најбогатите балкански народи го формирале градот Москополe во кој постоела „Нова Академија“, првата академија на Балканот, повеќе од 70 цркви и училишта како и печатница. Подоцна Москополе било разурнато од албанските банди, по што голем бран на Власи здружени со Власите од околината на планината Грамошта се населил во Македонија (Крушево, Осоговски Планини, Овче Поле, Штипско итн).
Иако без своја држава, разделени во сите балкански држави, Власите го празнуваат 23 мај, Националниот празник, со кој се одбележува денот на нивното признавање како посебен милает во Отоманската империја.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 23 мај 2024 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Всушност, тоа е официјален државен празник во Македонија од 2007 година и неработен ден за македонските граѓани од ароманска етничка припадност според закон од 2007 година издаден од Министерството за труд и социјална политика на Македонија
Лаура Стојанова, М-Нет