ДЗС: Скок на платите, просечната бруто плата изнесува 68. 859 денари, нето платата 45.796 денари

Скок на платите, просечната бруто плата изнесува 68. 859 денари, нето платата 45.796 денари , стои во соопштението од ДЗС. Во мај 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесува 68.859 денари. Во однос на мај 2024 година, ова претставува зголемување од 11.0 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на порастот на бруто-платите во следните сектори:

Финансиски дејности и дејности на осигурување – зголемување од 24.2%

Образование – зголемување од 14.6%

Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли – зголемување од 14.5%

Во однос на претходниот месец, зголемување на просечната бруто-плата е забележано во:

Финансиски дејности и дејности на осигурување – за 13.9%

Рударство и вадење на камен – за 5.2%

Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли – за 5.0%

Просечна месечна исплатена пак нето-плата по вработен, изнесува 45 796 денари. Во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 11.0 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %.

Иван Митев, М-Нет