
Новиот второлигаш Шкендија Арачиново продолжува со засилувањата. Денеска беше промовиран Дестан Адили, кој потпиша едногодишен договор. 19 годишниот напаѓач доаѓа од тимовите Работнички до 19 години, Победа, Воска Спорт и неодамна од Вардар Неготино.
Адили беше дел од репрезентацијата на Македонија до 17 години, каде што дебитираше со гол против Малта.