
Обвинителениот акт за пожарот во дискотека „Пулс“, од Основниот Суд Кочани, денеска беше доставен до Основниот кривичен суд Скопје
Во својот одговор, Врховниот суд ги разгледал кадровските и техничките капацитети на судовите во Штип и Струмица, кои се со проширена надлежност во регионот. По детален преглед, судот дошол до заклучок дека не располагаат со доволен број на судии за кривични предмети, што го прави невозможно нивното постапување по овој случај.
Поради големата комплексност на предметот, бројот на обвинети и оштетени, како и обемот на доказниот материјал, Врховниот суд оценил дека Основниот кривичен суд Скопје е најсоодветен за процесирање на овој случај. Судиите од Скопје, кои имаат искуство и стручност во вакви видови предмети, ќе гарантираат ефикасност и законитост во постапката.
Обвинителниот акт ќе биде распределен на совет за оценка на обвинение, кој ќе ги преземе сите неопходни чекори за понатамошно постапување. Откако ќе се исполнат условите, ќе се закаже седница за оценка на обвинението, а јавноста и странките ќе бидат редовно информирани за текот и исходот на предметот.
Иван Митев, М-Нет