Дестан Адили нов играч во нападот на Шкендија Арачиново

Новиот второлигаш Шкендија Арачиново продолжува со засилувањата. Денеска беше промовиран Дестан Адили, кој потпиша едногодишен договор. 19 годишниот напаѓач доаѓа од тимовите Работнички до 19 години, Победа, Воска Спорт и неодамна од Вардар Неготино.

Адили беше дел од репрезентацијата на Македонија до 17 години, каде што дебитираше со гол против Малта.