Денес е бадник за сите христијани од католичка вероисповед, вечерва тие ќе се соберат на едно место

Денес е бадник за сите христијани од католичка вероисповед. Со вкусни традиционални јадења, вечерева секое семјество ќе се собере на едно место и на една трпеза сите ќе наздрават за овој празник. Отец Тони Ангелов пред камерите на М-Нет вели дека денот е од голема важност, бидејќи како што вели самиот збор бадник значи да се биде буден и спремен за Христовото раѓање. Додава дека празникот е уште наречен ден на мирот и љубовта.

“Денес е Бадник, кој е посебен ден за католичката црква, посебен ден за нас христијаните, бидејќи Бадник воведува во самиот празник Рождество Христово, а самиот збор бадник знаеме доага од старословенски да се бдее, да се биде буден, да се биде спремен за христовото рагање кое ние сите нестрпливо го чекаме. Бадник е важен за нас христијаните за ова наша заедница, за нашата црква, бидејќи, како што знаеме оваа света наша црква, ја имаме и овде сликата на која што е нацртана ангелов господ гаврил и дава радост на пресвета дева Марија и тука се исполнуваат зборовите.“, додава Ангелов

Христовот раѓање Божик ни е на врата и со голема радост го чекаме овој настан, кое според евангелието гласи дека истиот ќе се повторува секоја година се додека навистина Господ Бог не дојде со нас, додават Ангелов

Инаку, Во државава централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Лаура Стојанова, М-Нет