Mицкоски: Срамота е ова што го прават трговците пред празниците кои што доаѓаат, ќе има вонредна инспекција

Робусна и жестока акција ќе има за трговците, откако владата доби информации дека тие шпекулираат во маркетите, соопшти денес премиерот Христијан Мицкоски во својата изјава. Тој истакна дека валадата со трикови не функционира, па дециден е дека ќе има жестоки мерки. Вели дека тоа што им беше дадено како право на трговците за намалување на цените, сега да го надоместуваат со зголемување драматично на други производи, нема да се практикува, па затоа како што истакна владата ќе ги превземе потребните активности.

“Ќе побарам од ДПИ една робусна жестока акција, затоа штои добивам информации дека некој од марклетите шпекулираат и се служат со трикови. Јас со трикови на функционирам и тие кој што мислат дека ќе прават трикови се лажат. Неможе тоа што нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со зголемување драматично со некој други производи, кои што ги користат граѓаните, како маслото, лебот, млекото, млечните производи, шеќер, сол и т.н., јајца и слично. Трикови не може, тоа го нема во оваа влада и жестоко има да се справиме со оние што мислат дека не надмудриле.“, вели Мицкоски

Премиерот апелираше до големите трговски ланци да го преиспитат однесувањето, а тој од ДПИ ќе побара анализа во однос на тоа како се покачени цените во изминатите 30 дена на овие производи.

“Јас апелирам до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето и ќе побарам од ДПИ брутална анализа, како е покачена цената во изминатите 30 дена на овие производи. Срамта е ова што го прават пред празниците кои што доаѓаат. Сакавме добра волја да покажеме , сакавме да се договориме, но видете како враќаат. Ова не е коректно, јас денес сум на владата и од страна на министерот за труд ќе побарам вонредна инсепкција и ова дивијантнот однесување на престане.“, додава Мицкоски

Инаку, мерката важи до 15 јануари, а во истата се опфатени повеќе од илјада производи. Беше направена во соработка со трговските и производителите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните празници.

Лаура Стојанова, М-Нет