
Утре, сабота продолжуваат супер одбојкарските возбудувања на Македонија во машка и во женска конкуренција. Во оваа фаза на разигрување машката екипа на Штип УГД ќе бие тешка битка со лидерот во оваа група,тимот на тетовска Шкендија. Штипските „студенти“ засега се зад Шкендија и се борат за второто место во оваа група или севкупно за шестото место на табелата со екипата на Лирија. Според информациите од секретарот на клубот, Методи Папаров младите штипски одбојкари се повеќе и повеќе се калат и се челичат и можно е остварување на поволен резултат со Шкендија. Натпреварот УГД Штип – Шкендија ќе се одигра во сабота 13 март со почеток во 14.00 ч. во спортската сала Јордан Мијалков.
Во истата сала но нешто покасно, односно во 17.30 часот ќе се сретнат во првенствен натпревар женските екипи на УГД Студент и на Јанта Волеј Форца од Скопје. Според информациите од секретарот Методи Папаров во овој викенд ќе нема натпревари во рамки на младинските лиги на Македонија, ниту во машка, ниту во женска конкуренција.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk