Брилијантна ракометна победа на Македонија против Данска

Актуелниот светски ракометен првак Данска е „туширан“вечерва во Скопје од македонската црвена „армада“ со резултат 33:29 ( 17:13). Исклучително среќна 13 тринаесетка на голманот Митревски кој едноставно ја спушти ролетната на нашиот гол со 13 одбрани и битно влијаеше на оваа победа на Македонија. По 3 кола одиграни во нашата група сега Македонија е прва со 6 освоени бода, и гол разлика 91:76 втора е Данска со 4 бода и гол разлика 100:81 , трета е Швајцарија која денес ја победи Финска со резултат 32:19 и има 2 бода а Финска е без бодови. Македонија сега е на прагот на Европското првенство и само некои теоретски математики можат да ја спречат во тоа, но рековме тоа е тешко остварливо. Македонската селекција играше одлично предводена од селекторот а воедно и капитен Кире Лазаров, во игра беше по долга пауза и Филип Миркуловски кој постигна и 3 гола, одлични беа и Талевски, Стоилов,Пешевски. Кузмановски, Марковски, Горгиевски, Манасков со еден збор ова беше херојско издание на нашата селекција и штета што немаше публика да ја награди оваа препородена селекција на Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk