Две девојки од Балканец се подготвуваат за ЕП што ќе се одржи во Скопје

Женската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за претстојните турнирски предизвици како и за Европското првенство кое ќе се одржи во Скопје. Според информацијата од тренерот во Балканец, Бобан Данов, под раководство на селекторот Илчо Марковски и тренерите Горан Стојанов и Мијалче Ананиев се наоѓаат повеќе борачки од женскиот пол меѓу кои и две штипјанки.

Тоа се членките на Балканец Марија Цветанова и Анабела Данилова од кои во понатамошниот период се очекуваат пријатни вести и постигнување на вредни и врвни резултати.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk