
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Љ.Т.(46) од с.Митрашинци, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 15.03.2021 околу 02.30 часот, на регионалниот пат Берово-Кочани, кај с.Митрашинци, тој бил затекнат од сообраќајна патрола без дозвола за движење, во време на забрана за движење на сите граѓани од 22.00 до 05.00часот.