
Салмонелата е болест која се пренесува со јадење на недоволно зготвена храна. Анкетираните за М-Нет телевизија велат дека практикуваат да јадат храна што лично тие ќе ја приготват бидејќи летниот период се зголемува појавата на бактерии вклучувајчи ја и салмонелата. Велат дека тие за разлика од помладите се посвесни и добро внимаваат при јадење во ресотрани или сендвичари
„Не , не практикувам тоа за некој може инаку домашна храна исклучиво. Фаст фуд таа брзата храна веројатно по сендвичарите , сега колку е сигурно тие си знаат.
„Мислам дека тоа е индивидуално без разлика дали си стар или млад завсиси од навиките за исхрана и просветеноста, запознавањето со проблемите преку летото кои настануваат. Би требало, верувам дека тоа го прават инаку би ја изгубиле работата, никој не сака претпријатието да го бие лош глас. Зошто со години вложувал да стекне реноме и од немарност, нема немарност тука мора тоа да се внимава и верувам дека тоа е така, бидејќи тие подлежат на контроли. Месечни контроли сите вработени во угостителството се должни да се јавуваат на прегледи еве за присуството на тие бактерии и верувам дека го почитуваат тоа“
Поголем дел не веруваат во хигиената на локалите за храна, сметаат дека не се обрнува многу внимание па затоа доаѓа до вакви несакани ситуации. Иако посебно летниот период хигиената треба да биде на повисоко ниво, затоа што оставената храна на отворено и доколку после отворањето се остави така многу бргу се расипува.
„Не, не би јадел такво нешто исклучително домашно што готвам инаку не, а инаку не би препорачал. Не, не тоа беше едно време сега веќе не, сега само гледаат да дојдат до пари, бизнис, да се продаде и толку, друго не верувам многу. Не никако не се внимателни тие само ден за ден гледаат да јадат.“
„На ова жешко време мора да постои треба многу хигиена. Не, нема шанси тоа да биде тоа што останува не може да се фрли нема да остане ако се фрла од денес за утре, мора да се продаде на некој. Храната бргу се расипува, три часа да стои веднаш се расипува.“
Избегнувањето на салмонела вклучува практикување добра хигиена и правилно ракување со храната.Разбирањето на салмонелата и преземањето превентивни мерки може значително да го намали ризикот од инфекција. Следејќи ги добрите хигиенски практики и внимавајќи на ракувањето со храната, можете да се заштитите себе си и вашите најблиски од оваа вообичаена, но потенцијално сериозна бактерија.
Лаура Стојанова, М-Нет