
Изминатата сезона 2023/2024 во Третата македонска фудбалска лига – Југ најдобар стрелец беше Слободан Дуков од екипата на Росоман со постигнати 26 погодици. Дуков беше убедливо најдобар стрелец за поранешниот второлигаш, а на второто место е Јосиф Манасиев од Борец, кој се врати по една година во Втората лига.
На делба на третото место на листата за изминатата сезона во Трета лига – Југ со по 13 погодоци се Мустафа Селманоски од Големо Коњари и Пеце Стојанов од Борец.
По 10 погодоци изминатата сезона постигнаа Беким Алимоски од Питу Гули и Ерџан Ибраимоски од Големо Коњари. Изминатата сезона по девет погодоци постигнаа Ѓорѓи Стрезовски од екипата на Питу Гули од Крушево и Александар Чешелковски од Младост од Кривогаштани.
На листата на стрелци за изминатата сезона по осум погодоци постигнаа Оливер Велевски од Питу Гули и Ангел Гаштев од Превалец.
Шампион во Трета лига – Југ минатата сезона беше Борец, кој го доби баражот со шампионот во Трета лига – Запад екипата на Влазерими и по една година се врати во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет