
По направените анализи и испитувања во и надвор од државата се констатираше дека водата од ХС Злетовица е со одличен кавлитет, со што може да ја пијат и граѓаните во Штип. По приклучувањето на штипски домаќинства на овој хидросистем настан дефект на главната водоводна линија, со што водата не беше дозволена з апиење, туку сам за техничка употреба. По два дена откако се покажа дека е добра за пиење првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов и директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков први се напија од водата. Денеска по едена недела ги прашавме граѓаните во Штип што мислат за квалитетот на водата од ХС Злетовица, но и дали анализите треба јавно да бидат истакнати.
„Јас си имам ставено филтер, си купив филтер и си пијам филтрирана вода. Претходно со голо око се гледаше дека водата е нечиста“
„Еве велат дека била квалитетна , ние не знеме, документи донесеа од Белград“
„Според мене мислам дека не е квалитетна“
За кавилетот на водата од ХС Злетовица со ствој став излегоа и од група на здруженија од Штип. Трајче Митев вели од сегашниот квалитет на водата последиците ќе ги чувствуваат идните поколенија. Затоа со апел до надлежните, да се
„Укажуваме дека сега уште поголем е сомнежот за квалитетот за водата. Ние како здружение што го покренавме ова имаме можност некои од анализите да ги видиме што се правени претходно, однонсо квалитетот на водата ќе претставува како топилницата во Велес во понатамошниот период. Затоа опоменуваме анализите за квалитетот на водата јавно да бидат истакнати“ – додаде Митев.
Директорот Здравков во неколку наврати истакна дека резултатите за квалитетот на водата се одлични и дека секој кој сака да ги види анализите може да се обрати во јавното претпријатие Исар.
Лаура Стојанова М-Нет