
Да се заклучуваат вратите од домовите, гаражите и терасите, соодветно да се чуваат вредните работи во домот кога заминувате на одмор – СВР Штип со апел до граѓаните да бидат внимателни кога заминуваат на одмор. Ова е со цел да се заштитат од евентуални кражби во нивните домови кога заминуваат на одмор и не се дома повеќе дена.
„Отсекот за превенција при СВР Штип ги информира граѓаните кои живеат на подрачје на СВР Штип во екот на летниот период и одморите соодветно да ги обезбедат своите домови, а со тоа и да се заштита од кражби. Да ги заклучат влезните врати, вратите од терасите и гаражите. Исто така да ги заклучат соодветно своите вредни работи или да ги стават во сеф.“ – вели Гигов.
Дополнително ако се користат социјалните мрежи од СВР Штип апелираат да не се објауваат фотографии со место и локација каде се наоѓаат бидејќи на таков начин даваат информации на крадците.
„Додека ги користат социјалните мрежи, да внимаваат при објавување на места каде престојуваат бидејќи на тој начин даваат информации на крадците“ – додава Гигов.
Од СВР Штип апелираат граѓаните доколку имаат проблем да пријава на 112.
Лаура Стојанова, Ќирчов