Брегалница ги враќа своите деца – штипските фудбалери одново го облекуваат синиот дрес!

Брегалница доби нов сопственик, нова управа, но и нов стручен штаб на чело со искусниот стратег Влатко Костов од Штип.

„Сините“ веќе интензивно се подготвуваат за новата сезона која ќе започне на 23 август, а паралелно се работи и на ростерот за новата сезона.

Фокусот се става на играчи од Штип, за што раководството на клубот веќе активно работи на нивно враќање.

Како што дознаваме во клубот се Анџело Николовски, Стефан Костов, Стефан Коцев, Бобан Горгиев, Дарко Алексовски – Пеле и Мартин Димоски – Робен се штипјаните кои одново ќе го носат дресот на Брегалница, а нови засилувања се Горан Силјановски, Дамјан Масевски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Благоја Спиркоски.

Дополнително од минатата сезона се задржани неколку играчи како капитенот Давид Калпачки, тука ќе биде и младиот дефанзивец Благој Хаџи Кимов.

Како што најави новото раководство на клубот во следните денови ќе има нова прес конференција за промоција на новите играчи.

Александар Ванев, М-Нет