Откупот на ориз за стокови резерви тапка во место, земјоделците од кочанско сѐ уште во исчекување

Најавениот откуп на оризова арпа за стокови резерви е најава која подолг временски период тапка во место. Земјоделците од кочанскиот регион велат оризовата арпа од претходната реколта стои во амбарите, откуп нема, па чекаат да започне откупот за стокови резерви. Велат ако се спои овогодинешниот со ланскиот ориз ситуацијата ќе биде алармантна.

„Има и тоа многу. Мислам дека државата резервите кои треба да ги откупи нема да бидат задоволителни, согласно оризот кој ние го имаме во магацините.“ – вели Стоименов.

Најавите од државата се дека ќе се откупува оризовата арпа од претходната реколта со цел да им се помогне на земјоделците кои се занимаваат со производство на ориз. Откупната цена треба да биде задоволителна, односно 37 денари по килограм. На таков начин ќе се испразнат амабарите и ќе се подготват за нова жетва на белото злато. Оваа година оризот е добар, нема болести, а има доволно вода.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет