
Грипот и настинката и понатаму им оставаат полни раце работа на ординациите и болниците во Штип. Пацинетите најчесто се жалат на висока температура, главоболка, болка во градите, па според лекарите сиптоматологојата е испреплетена. Дополнително овде се појавува и ковид вирусот, па ситуацијата станува уште посложена.
„Најчесто пациентите се жалат со болка во грло, сува кашлица, мускулна болка, главоболка, висока температура која може да трае два – три дена некаде и над 39 степени, намален апетит. Симптоматологијата е испреплетена. Реално за да дознаеме ние лекарите за што станува збор треба да се направи ковид тест, за да се разреши дилемата, но и за да го насочиме нашето лекување во правилен правец.“ – вели доктор Митрова.
Колку што е опасен ковид вирусот речиси идентично сериозен е и сезонскиот грип. Ако не се лекува навреме и не се внимава, крајниот резултат може да биде и болничко лекување, велат лекарите.
„Сепак не значи ако е грип дека не е важен, и овде важи миење, проветрување, витаминска терапија, да се избегне периодот на четири до седум дена. И грипот може да биде сериозно заболување за некои луѓе, хронично болните, малите деца може да бидат сериозно заболени“ – додава Митрова.
Во последните две недели во Институтот за јавно здравје во Општина Штип се пријавени 34 случаи на грип, врз основа на клиничка слика. Најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 5 до 14 години – или вкупно 15 случаи, но пријавени болни има и во останатите возрасни групи. Се забележува зголемување на бројот на заболуваања слични на грип, но бројката е под границата за сезонска активност на вирусот на грипот – истакнаа од Институтот за јавно здравје Штип.
Лаура Стојанова М-Нет