ФОТО: Утрински тестови на физичката подготвеност на фудбалерите на Брегалница

Штипскиот прволигаш Брегалница предводен од Горан Здравков продолжува со подготовките за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Првата прозивка и првиот собир со фудбалерите Здравков го имаше вчера, кога беше одработен и првиот тренинг на Градскиот стадион во Штип.

Утрово следуваа тестови на физичката подготвеност на комплетниот играчки кадар, а попладневно продолжуваат редовните тренинзи.

Како што веќе објави телевизија М Нет „сините“ пред продолжението од шампионатот ќе одиграат вкупно седум пријателски натпревари. Во Штип ќе се работи до 25. јануари, а потоа екипата се сели во Охрид. Во првата фаза од подготовките ќе бидат одиграни и два пријателски натпревари, против Академија Пандев (19. јануари) и против Тиквеш (24. јануари), а во Охрид закажани се тест-дуелите со Воска Спорт (28. јануари), Караорман (31. јануари), Охрид (1. февруари) и Пелистер (5. февруари), за што телевизија М Нет ќе известува директно од Охрид.

Генералката пред стартот на пролетниот дел ќе биде на 12. февруари против Беласица на Градскиот стадион во Штип.