Големи резултати за борачите на Балканец на Државното првенство за младинци во Радовиш

Одлични и големи резултати за борачите на штипскиот клуб Балканец, кои настапија на Државното првенство за младинци У-20, а кое се одржа во Радовиш.

Борачите на Балканец ги постигнаа следните резултати:

61кг. Фаик Шакиров трето место
65кг. Јован Атанасов прво место
70кг. Мартин Јанинков трето место
79кг. Дамјан Смилков второ место
92кг. Алек Георгиев второ место
97кг. Андреј Трајчов второ место
97кг. Љупче Ташев трето место
125кг. Теодор Георгиев прво место
125кг. Тео Стојков трето место
65кг. Мелани Митевска прво место
72кг. Анабела Данилова прво место

Во екипна конкуренција машките го освоија првото место, додека девојките го освоија второто место.

Александар Ванев, М-Нет