
Машката ракометна репрезентација на Македонија со високи 34:26 славеше на реваншот од баражот против Фарски Острови и се пласираше на Светското првенство 2025 година.
Момците на селекторот Кирил Лазаров забележаа херојска победа со што ја анулираа негатива од првиот меч во Торшван, откако таму Македонија загуби со седум гола разлика од Фараните и по деветти пат ќе игра на Светско првенство.
Пешевски блескаше во дресот на Македонија откако имаше осум од осум, Кузмановски имаше седум гола, а пак Митев постигна шест гола.
Ова е голема победа за Македонија, победа вредна ново учество на Светските првенства.
Александар Ванев, М-Нет