
Инспириран од објава за недостиг на крв во Центарот за трансфузиологија во Штип, штипскиот бизнисмен Марјан Јовчевски, заедно со неколку компании, денеска организираше голема крводарителска акција во просториите на Јофа Текс. Во акцијата се вклучија вработени и граѓани кои даруваа крв за да помогнат на оние на кои таа им е најпотребна. Пред камерите на М-Нет телевизија, Јовчевски порача дека крводарителството е хуман чин со кој може да се спасат човечки животи. И самиот тој даруваше крв, испраќајќи порака дека секој може да придонесе за оваа благородна цел.
,,Денес имаме една крводарителска акција, практично хуман гест кој што организираме неколку компании во кој сме сите инволвирани и имаме цел да покажеме на општеството како треба да се однесуваме во иднина, да бидеме хумани и да можеме да придонесеме за подобро општество во нашиот град. Oваа идеја ми дојде и го видов пред некое време на социјалните мрежи како недостиг на крв во центарот за трасфузиологија во Штип, а тоа побуди интерес кај мене. Сега ја заедовме во свои раце работата и практично организираме јофа текс со нашите пријателски фирми тоа е КТМ енерџи солушан, Нова енерџи, инвестра, Колев солар и неколку други наши пријатели. Како општество не го доволно почитуваме општествениот имот и нешто што имаме заеднички, а ова е заедника работа. Да донирате крв е нешто навистина хумано, а од друга страна и оваа е лична работа која што секој треба да ја прифати. Не знаеш кога ке ти затреба, а може да помогнеш на многу луге.“, кажа Јовчевски
Бизнисменот Јовчевски изјави дека до 11 часот се собрани над 20 дарувања на крв, а како што рече, очекува до крајот на денот бројката да надмине 50. Тој истакна дека целта на акцијата е да се мотивираат што повеќе граѓани да учествуваат во крводарителски и хумани акции.
,,Јас сум многу среќен што до 11 часот имаме собрано повеќе од 20 шишиња, односно тоа се 20 дарители имаа дарувано крв и очекуваме да имаме над 50 шишиња до 15 часот, но и после тоа нема да го вратеме. Ќе бидеме среќни што повеќе можеме да собереме. Oвде нема некоја посебна цел, целта е да можеме да мотивираме повеќе луге дносно овде нема и некој трошок финансиски, мегутоа многу е битно да, еве јас го искористам мојот авторитет и практично мои пријатели кои што влијаат во општествто за можат во иднина се повеќе и масновно има крводарителски и хумани акции.“, додава Јовчевски
Инаку, вакви крводарителски акции како денеска, Марјан Јовчевски најави дека ќе се реалнизираат и во иднина, со уште повеќе крводарители.
Иван Митев, М-Нет