
Премиерот Христијан Мицкоски во денешна изјава за медиумите се огласи на темата за лажни декларации на одредени млечните производи. Според него, случајот во моментов не претставува директен ризик за здравјето на граѓаните, но отвора сериозни прашања за точноста на информациите што им се пласираат на потрошувачите. Тој нагласи дека штетата е и морална и финансиска, а нарушена е и довербата во производителите и компаниите.
„Видете тоа не влијае врз здравјето на граѓаните, толку колку што се лажирани производите, тоа е посуштинското прашање, затоа што кога станува збор за можеби квалитетот и сето тоа ние не зборуваме сега за таков тип на производи кои што би можеле да го нарушат човековото здравје, но, тоа што е декларирано не соодвествува со испитувањата и ако тие тоа го правеле, тогаш кој знае што се случувало во минатото. Инаку ова се редовни контроли, редовни проверки на овој производ, но и ќе продолжат и на други призводи. Тука штетата не само што морална, туку е и финансиска и јас мислам дека репутацијата не само на производителите туку и на овие компании е доведена под прашање. Па агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи согласно законските надлежности да ги превзема мерките кои што се неопходни во ваков случај.“- Христијан Мицкоски, премиер
Мицкоски беше дециден дека контролите биле дел од редовните проверки и ќе продолжат и кај други производи. Додека пак агенцијата за храна и ветеринарство ќе презема мерки согласно законските надлежности.
Дајана Сандева, М-Нет